Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРуската ФСБ на око има 220 потенцијални бомбаши-самоубијци

Руската ФСБ на око има 220 потенцијални бомбаши-самоубијци

Руската тајна служба ФСБ под мониторинг и оперативна обработка има ставено 220 лица кои се сметаат за потенцијални бомбаши-самоубијци, а дел од нив работат и како агитатори кои бараат регрути за можни терористички напади.

Овие заклучоци се откриени на состанокот на шефовите на тајните служби кој се одржа во Санкт Петерсбург и има цел да спречи терористички напади на територија на Русија, како и да го амортизира враќањето на руски државјани кои се борат за терористички организации.