Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРуска одмазда за влезот на Црна Гора во НАТО преку туризмот

Руска одмазда за влезот на Црна Гора во НАТО преку туризмот

Откако шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров минатата недела изјавил дека Црна Гора со влезот во НАТО ги жртвува економските односи со Русија на руските државни телевизии се емитувани репортажи чија порака е дека Русите не треба да ја посетуваат таа земја.

Во прилогот под името „Еден чекор на Црна Гора до НАТО“ во пресрет на ратификацијата на влезот на Црна Гора во таа воена алијанса во американскиот сенат, државниот руски тв канал наведува дека во Црна Гора денес „жестоко се потиснуваат противниците на влезот во НАТО“ и дека тоа веќе влијаело на инвестициската клима“.

Russian-Montenegro_0

„Рускиот бизнис ја напушта земјата, туризмот назадува, а ослободеното место брзо го зазема криминал. Ја губиме Црна Гора“ се наведува во прилогот.

Во репортажата се наведува дека Будва уште неодамна била „рај за руските инвеститори, но дека политиката на црногорските власти кон Русија почнала да се менува поради што целата туристичка зона на Црна Гора паднала во тешка депресија“.

“Поради јакнење на криминал, дури ни самите Црногорици не им советуваат на своите пријатели да доаѓаат. Чистите плажи овде се реткост. Зголемениот криминал и раст на русофобија нема да ја зголемат желбата на руските туристи да ја посетат“, се наведува во репортажата.

ТВ Ѕведа, гласилото на руското Министерство за одбрана, на 25 март објавила репортажа „Криминал, мински полиња и инфективни болести: Зошто Црна Гора станува опасна за туристите“.

Извор: faktor.mk