Thursday, Jul 27, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРуска нуклеарна централа ќе никне во Египет

Руска нуклеарна централа ќе никне во Египет

Пријателите се договорија. Лидерите на Египет и Русија потпишаа договор за изградба на нуклеарна електрана во Египет, извести египетската државна тв станица.

Првата нуклеарна електрана во Египет, која ќе биде изградена во округот Даба, ќе стане најголем египетско-руски проект од времето на изградбата на Асуанската брана – изјави генералниот директор на руската државна енергетска корпорација Росатом, Сергеј Киријенко.