Thursday, Apr 18, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосРусите најавуваат за 10 до 15 години „вселенски туризам“

Русите најавуваат за 10 до 15 години „вселенски туризам“

На Меѓународната вселенска станица (МВС) за 10 до 15 години би можеле да бидат поставени дополнителни модули за сместување на туристи, најави првиот човек на руската вселсенска агенција Роскосмос, Игор Комаров. Според него, МВС има капацитет да биде проширена со сегменти во кои би биле сместувани „вселенски туристи“.

Камаров за Раша Тудеј се надоврза кажувајки „верувам дека во наредните 10 до 15 години изгледот на МВС во голема мера ќе биде променет. Ако има побарувачка, би можеле да се додадат посебни делови наменети на вселенски туристи“.

Меѓународната вселенска станица која е лансирана во 1998 година, се состои од различни модули и во нејзиното функционирање заедно учествуваат, Русија, САД, Канада, Јапонија, како и Европската вселенска агенција.

Инаку, Комаров, воедно изрази надеж дека во наредните 15 години ќе дојде до поправка на апаратите во орбитата, кои се доставени од Земјата, вклучувајќи ги и орбиталните и товарните возила.