HomeРЕФЛЕКТОРМузикаРусите лути на Роби Вилијамс

Русите лути на Роби Вилијамс

Спотот за песната на Роби Вилијамс „Party like Russian“, од неговиот нов албум „Heavy Entertainment Show“, разочара бројни обожаватели поради стереотипното прикажување на руската култура, а некои британски медиуми пренесуваат дека пејачот веќе нема да може да настапува во Русија.

Во спотот Роби Вилијамс пее за лидер кој „ја ослободува нацијата од пари и гради своја вселенска станица“, а потоа уште пее и: „I аint’t no refutin’ or disputin’ – I’m a modern Rasputin“.

Играјќи го „Танцот на витезите“ од балетот на „Ромео и Јулија“ од Сергеј Прокофјев, некои гледачи сметаат дека нивото на стереотипното претставување во спотот граничи со расизам. Една Руска телевизија емитуваше и прилог за спотот, објаснувајќи дека „руската тема била единственото нешто што можело да го спаси музичарот чија популарност последните години е повеќе сеќавање отколку реалност“. Популарниот таблоид „Life“ тврди дека е многу веројатно дека Роби Вилијамс никогаш повеќе нема да настапи во Русија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com