Saturday, Apr 20, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонРусин за пукнат екран го доби Apple на суд

Русин за пукнат екран го доби Apple на суд

Русинот Дмитри Петров го скршил екранот на неговиот iPhone смартфон, но немал можност да го поправи во овластен сервисер на Apple. Затоа наместо да побара привремена замена која му следува според издадената гаранција тој го тужел Apple бидејќи на корисниците не им обезбедил центар за поправка со достапни резервни делови.

Сега Apple е принуден со судска одлука да отвори официјален сервисер во Русија за поправка на оштетените iPhone смартфони за кои се уште важи гаранцијата. Оваа непланирана инвестиција Apple ќе го чини 2 милиони долари.

Извор: telefoni.mk