HomeДЕНЕШНАСветРусин уапсен во Чешка поради хакерски напади во САД

Русин уапсен во Чешка поради хакерски напади во САД

Еден руски државјанин бил уапсен во Прага поради наводна поврзаност со хакерски напади на цели во САД. Апсењето е изведено во соработка со американското Федерално истражно биро (ФБИ), соопшти полицијата не наведувајќи ги деталите. Интерпол издал потрага за мажот барајќи негово апсење, стои во соопштението на сајтот на полицијата.

Осомничениот, чие име не е познато, бил уапсен во еден хотел во Прага, а полицијата наведува дека тој тогаш се онесвестил и бил хоспитализиран. Судот во Чешка ќе одлучува околу негова екстрадиција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com