Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРусин се обидел да шверцува плоча стара неколку века

Русин се обидел да шверцува плоча стара неколку века

Руски државјанин бил фатен во обид да прошверцува мермерна плоча од надгробен споменик стара неколку века.
На граничниот премин Табановце, артефактот бил откриен во автобус со македонски регистарски таблички, кој сообраќал на редовната линија Охрид-Белград.

Возилото се пријавило за излез од државата. Во извршената контрола, цариниците ја нашле мермерната плоча во ќеса сместена во пластична торба, сопственост на рускиот државјанин. Царината ја предала плочата на вештачење во Национална установа Археолошки музеј на Македонија. Оттаму е издадено стручно мислење според кое мермерната плоча преставува „дел од надгробен споменик, кој според наведените карактеристики може да датира од втората епоха од османлиската епиграфија, поточно од 16 до 18 век“.

На тој начин истата претставува споменик на културата, па против Русинот е поднесена кривична пријава за изнесување односно извезување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Судија на осомничениот му го одзел пасошот, па тој мора да биде во земјава до крајот на истрагата.

извор:Дневник