Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусија, Србија и Белорусија на заеднички воени вежби

Русија, Србија и Белорусија на заеднички воени вежби

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу предлага одржување на заеднички тактички вежби на руските и српските воздушнодесантни специјални сили во 2016 година во рамките на „Славјанско братство“, изјави денеска заменикот на Шојгу, Анатолиј Антонов. Тој предложил заеднички воени вежби за време на состанокот со српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ.

Шојгу и Гашиќ разговарале и за заедничките воени вежби на копнените, воздушнодесантните и силите на противвоздушната одбрана Словенско братство 2015, што ќе се одржат во септември во Русија, во кои ќе учествува и војската на Белорусија.

Претходно, руско-српски воени вежби се одржаа во 2014 година во Србија, а српската војска учествуваше и во Меѓународните воени игри 2015 во Русија. Двајцата министри разговараа за руско-српската воена и техничка соработка, понатамошното зајакнување на воените односи, како и за прашањата за меѓународната безбедност.