Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусија се повлече од воената база во Иран

Русија се повлече од воената база во Иран

Иранското министерство за одбрана преку портпаролот Бахран Ќасеми соопшти дека Русија повеќе не ја користи воената база Хамдан за лансирање на воздушни напади против цели на екстремистичките и терористички групи во Сирија.

Конашевков од руското министерство за одбрана потврди дека воени авиони се повлечени и дека досегашните мисии биле целосно успешно завршени. Исто така се наведува дека Русија во иднина за потребите на борбата против тероризмот со дозвола на Иран може повторно да се врати во базата Хамдан.

Повлекувањето е добредојдено за САД кои беа најзагрижени од соработката на Русија и Иран и се закануваа со покренување на постапка во Советот на безбедност на Обединетите нации за кршење на резолуциите против Исламската република.