Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРусија: Рама и Тачи со изјавите за голема албанска држава го дестабилизираат Балканот

Русија: Рама и Тачи со изјавите за голема албанска држава го дестабилизираат Балканот

Реториката на премиерот на Албанија, Еди Рама и на косовскиот лидер Хашим Тачи за голема албанска држава го зголемуваат степенот на тензиите на Балканот, објави руското МНР.

„Зад неоснованите обвиненија против Русија во обид за дестабилизација на ситуацијата во Југоисточна Европа тајно се преземаат мерки за реализирање на големо албанскиот проект – сега повикувајќи се на Уставот на Албанија, кој и дава на Тирана право да ги брани интересите на Албанците во странство“ – посочуваат од рускиот надворешно-политички завод.

„Под превезот на лицемерни разговори за стабилизација во регионот под  „чадорот“ на НАТО се поткопуваат темелите на стабилноста, се оди кон прекројување на балканските граници, што драстично го зголемува степенот на потенцијален конфликт“.

„Токму во оваа насока се разгледуваат изјавите на премиерот на Албанија, Еди Рама и шефот на Косово Хашим Тачи за подготвеност за повторно обединување во единствена голема албанска држава“- посочува Москва.