Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусија повторно побара од ОН голема територија на Арктикот

Русија повторно побара од ОН голема територија на Арктикот

Русија денеска поднесе во ОН изменет документ со кој бара да и припаднат повеќе од милион километри квадратни територија на Арктикот, која се наоѓа на околу 350 наутички милји од брегот. Москва поднесе нови докази по 13 години од отфрлањето на нејзиното прво барање.

За оваа огромна ненаселена област, богата со нафта и плин, долги години се борат Русија, САД, Канада, Норвешка и Данска. Русија првпат поднесе барање за територијата во 2002 година, но ОН го отфрли поради недостиг на докази.