Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРусија по направените контроли ќе увезува храна од Македонија

Русија по направените контроли ќе увезува храна од Македонија

Руските инспектори извршиле повеќе тестирања за квалитетот и безбедноста на месни и млечни производи од 15 македонски компании, известуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Русија воведе ембарго на храна од земјите од Западот и токму тука се гледа шансата за македонските компании кои ќе мора да понудат висок квалитет за потребите на рускиот пазар. Доколку порасне извозот ќе се создаде можност за зголемување на производството и раст на вработеноста во компаниите од млечната и месната индустрија.