Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионРусија ќе ја опреми Србија со најмодерно оружје

Русија ќе ја опреми Србија со најмодерно оружје

Русија изрази подгтовеност веднаш да ја опреми Србија со најсофистицирани системи за одбрана, како што се ефикасните против воздушни ракети S300 со цел да го заштити својот најголем балкански сојузник од секаков вид на закани. Претходно српската влада се побуни за набавката на ракети со долг дострел од страна на Хрватска кои го проценија како потенцијална закана и опасност.

nikolic putinРуската поддршка на Србија доаѓа во вистинско време бидејќи земјата политички се уште е поделена околу евроинтеграциите и распоредувањето на руското оружје, како и финансиска поддршка може да го предомисли нашиот северен сосед да не пристапува во ЕУ членство. Исто така Србија е единствена земја од регионот која не сака да стане член на НАТО, што е сосема разбирливо со оглед на бомбардирањето на Белград во 1999-та, па може да биде значаен сојузник за руските интереси во Југоисточна Европа.