Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусија ќе брише интернет страни за заштита на приватноста

Русија ќе брише интернет страни за заштита на приватноста

Рускиот парламент го изгласа новиот Закон за приватност со кој ќе им се наложи на интернет пребарувачите да ги блокираат резултатите за одредена личност доколку тоа биде побарано од нив поради зачувување на правото на приватност и заштита на личниот углед. Сепак, има стравови дека овој закон ќе биде злоупотребен од власта за ограничување на медиумските слободи и ќе може да се забрануваат веб страни, портали и блогови на кои се шират информации за активностите на политичарите и бизнисмените.

internet russia

Од друга страна пак, и самата Европска Унија крена голема прашина против Google барајќи да воведе политика исто така на бришење на лични податоци по барање на одреден корисник, па никој не се возбуди премногу дека со овој метод Брисел ќе врши цензура и блокирање на медиуми. Директивите на ЕУ се донесени врз новото „право да се биде заборавен од интернет“.