Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусија ја укина забраната за чартер-летови до Турција

Русија ја укина забраната за чартер-летови до Турција

Укината е забраната за чартер-летови меѓу Русија и Турција, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за сообраќај. За оваа одлука информирани се руските авиокомпании, како и системот за управа со воздушен сообраќај, јави ТАСС. На авиокомпаниите им се препорачува да преземат дополнителни мерки за обезбедување на воздухопловна безбедност.

Чартер летовите меѓу Русија и Турција беа прекинати кон крајот на 2015 година откако турските военовоздухопловни сили соборија руски воен авион, кој извршувал операција во Сирија. Тогаш Анкара тврдеше дека борбената машина го прекршила нејзиниот воздушен простор, но Москва ги отфрли овие обвинувања. Тоа беше причина за заладување на односите меѓу двете земји а спорот беше решен откако претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган му се извини на рускиот колега Владимир Путин.