Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусија извршила сајбер напад врз Пентагон

Русија извршила сајбер напад врз Пентагон

Русија иницираше „софиситциран сајбер напад“ врз системот за електронска пошта на Министерството за одбрана на САД, јави телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на изјава на официјален американски претставник.

Според телевизијата, нападот бил извршен „околу 25 јули“ и со него била загрозена електронската пошта на околу 5.000 воени и цивилни службеници во Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД. Поради сајбер нападот, системот на Пентагон бил исклучен речиси две недели, додава Ен-Би-Си.