Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусија им ја исклучи струјата на бунтовниците

Русија им ја исклучи струјата на бунтовниците

Киев известува дека во источните региони кои се под контрола на про-руските бунтовниците е пресечена значајна мрежа за достава на електрична енергија и Русија полека го губи интересот за нивна подршка. Според информациите на Киев, Русија месечно губи 15 милиони долари за достава на струја на сепаратистите во Донецк и Луганск кои се исклучени од електродистрибутерите на Украина, но не ги платиле ниту сметките кон Русија.

ukraina

На овој начин Украина полека ја добива војната со Русија која потроши многу пари на воена сила, оружје и енергенси, а притоа не доби речиси ништо од ресурсите на Истокот на Украина, каде целата економија е блокирана. Оваа промена на динамиката на воениот судир може да допринесе наскоро двете страни да седната на преговарачка маса и да се постигне договор меѓу Русија и Украина, а присутни ќе бидат и сепаратистите од т.н. регион Новорусија.