HomeДЕНЕШНАСветРусија го бомбардираше сирискиот град Рака, најмалку 30 загинати и 70 повредени

Русија го бомбардираше сирискиот град Рака, најмалку 30 загинати и 70 повредени

Најмалку 30 лица загинаа, а околу 70 други се ранети денеска во руски воздушни напади врз главното упориште на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, градот Рака, јави ДПА, повикувајќи се на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Според Центарот, руските авиони извршиле над 10 напади во Рака и неговата околина.

Руското Министертсво за одбрана, од своја страна, соопшти дека авиони на Военото воздухопловство на Русија денеска уништиле повеќе цели на ИД во Рака.

Како што јави агенцијата ТАСС, во соопштенеито на Минситерството се наведува дека меѓу уништените цели имало магацини со оружје, муниција и гориво, како и фабрика за присводство на хемиско оружје, која се наоѓала на периферијата на Рака.

Авионите од типот Ту-22М3, кои ги извршиле нападите, полетале од бази во Русија. На летот над сириската територија тие биле придружувани од руски авиони-ловци, стационирани во воздухопловната база Хмејмим во северозападна Сирија.

При нападите, според Министерството, џихадистите претрпеле големи материјални штети и биле убиени „голем број милитанти“.

По завршената акција сите руски авиони се вратиле безбедно во своите бази, се нагласува во соопштението.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com