Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусија елиминираше терористичка група – Подготвувале бомбашки напади

Русија елиминираше терористичка група – Подготвувале бомбашки напади

Руските специјални единици елиминираа поголема терористичка група сконцентрирана во Налчик. Властите се сомневаат дека теористите биле поврзани со поголема терористичка група од странство, а кај нив било пронајдено големо количество на автоматско оружје и експлозиви. Терористите биле обиколени во станбена зграда од огромно присуство на руски специјалци, а дел од нив се обиделе да бегаат и преку дупка направена во апартманите, но тоа било спречено.

Шест милитанти се убиени, а дел од нив учестувале и во претходен напад на 14 јуни кога е убиен началник на покраината. Исто така кај нив е пронајдена опрема за производство на импровизирани бомби. За време на акцијата на специјалните сили населението во зградата успешно било евакуаирано и сега ќе следи истрага за делувањето на терористите и нивната поврзаност со други ќелии на територија на Русија кои планираат нови напади.