Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусија бара од САД да ги исполни ветувањата во Сирија

Русија бара од САД да ги исполни ветувањата во Сирија

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во телефонски разговор со американскиот државен секретар Џон Кери, побарал САД да ги исполни своите ветувања дека ќе ги одвои борите упатени кон опозицијата во Сирија, кои се под контрола на Вашингтон, од поранешниот Нура Фронт и другите слични сили, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Лавров и Кери исто така разговарале за заедничката борба против Исламската држава и Нусра фронт, кој сега го промени називот во Џабхат Фатах ал Шам. Инаку, опозиционата опсерваторија на Сирија за човекови права соопшти дека не регистрирала ниту една жртва меѓу цивилите ниту меѓу борците во конфликтите во Сирија во првите 48 часа од примирјето.