Thursday, Apr 18, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосРусија, активиран систем за контрола на вселената

Русија, активиран систем за контрола на вселената

Првиот од вкупно четирите системи за контрола на вселената, кои ќе бидат произведени во Русија, започнал да работат во оптичко-ласерскиот центар „Титов“ во руската република Алтај. Генералниот директор на корпорацијата за системите на овие прецизни инструменти, Јури Рои, потврдил дека еден систем започнал да работи.

„Потпишана е наредба комплексот да се стави во борбена функција, што е најважно не само за Русија, туку и за целиот свет“, истакна Рои. Рои потсети дека Русија ќе има четири системи за набљудување на вселената: во Калињинград, на Далечниот исток, Крим и споменатиот во Алтај.

Во прашање е систем кој ќе го сервисират заедно воени и цивилни тимови, а кој ќе има можност да лоцира вселенски уреди, наносателити, вселенски отпад и слично.