HomeДЕНЕШНАСветРусија со нов сојузник – Игор Додон стана претседател на Молдавија

Русија со нов сојузник – Игор Додон стана претседател на Молдавија

igor-dodon

Прорускиот кандидат Игор Додон победи во вториот круг од претседателските избори во Молдавија. По пребројувањето на 99 отсто од гласовите, шефот на Социјалистичката партија, Додон, има 52,3 отсто, соопшти изборната комисија, додека неговата проевропска противкандидатка Маја Санду доби 47,7 отсто од гласовите. Целосните резултати од изборите ќе бидат објавени во текот на неделата.

Моладавија последен пат директно избираше претседател во 1996 година, а оттогаш парламентарците го избираа претседателот на државата. Молдавија е една од најсиромашните земји во Европа. Податоците на Светкста банка говорат дека 41 отсто од граѓаните живеат со пет долари дневно. Постепеното отворање на европските пазари, за земјата не значеше и компензирање за губењето на големиот руски пазар.

Победата на прорускиот кандидат веројатно значи дека земјата ќе го прекине седумгодишниот процес на приближување кон Европската Унија. Тој се залага за обнова на односите меѓу Молдавија и Русија, кои се оладија откако Молдавија склучи трговска спогодба со ЕУ. Тој додаде дека сака да воведе федерално уредување со цел во Молдавија да влезе и Придњестровската област во која се стационирани илјада руски војници.

Додон, поранешен министер за економија во владата под водството на комунистите, вети повторно воспоставување на стратешко партнерство со Русија и поништување на економскиот пакет од договорот за приближување кон ЕУ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com