HomeДЕНЕШНАСветРусија се повлече од Меѓународниот кривичен суд, на Европа не и се допаѓа одлуката

Русија се повлече од Меѓународниот кривичен суд, на Европа не и се допаѓа одлуката

megunaroden-krivicen-sud

Владимир Путин вчера потпиша декрет со кој најави повлекување на Москва од договорот за меѓународниот кривичен суд. Според официјална Москва, ваквата одлука се должи на фактот дека судот не станал самостоен правосуден орган. Од Руското министерство за правда соопштија дека документот стапува на сила на денот на потпишувањето а на министерството за надворешни работи на Русија му е наложено да испрати соодветно писмо до генералниот секретар на обединетите нации.

„Меѓународниот кривичен суд не ги оправда очекувањата и не стана независно и авторитативно судско тело“ – изјави портпаролот на руското министерство за надворешни работи.
odluka
На 15 ноември обвинителот на МКС, Фату Бенсуда изјави дека го смета присоединувањето на Крим кон Русија за војна со Украина и окупација на нејзините територии. Таа соопшти дека иследниците на судот истражуваат дали навистина РФ ги контролира вооружени групации во југоисточниот дел на Украина. Доколку иследниците дадат позитивен одговор на ова прашање, тогаш настаните и во овој дел на земјата ќе бидат признати како вооружен конфликт со учество на Русија.

Британскиот весник Индипендент, пак тврди дека ваквата одлука на Москва следува откако неколку европски лидери побарале да се отвори истрага за руските воздушни напади во Сирија. Францускиот претседател, Франсоа Оланд неодамна сугерираше дека Русија треба да се соочи со обвинение за воено злосторство поради нападите кои ги изврши врз источниот дел на Алепо минатиот месец.

Високиот комесар за човекови права при Обединетите нации Зеид Ал Хусеин им порача на сите земји кои сакаат да го напуштат меѓународниот суд дека ги напуштаат жртвите врз кои биле направени ужасни злосторства.

Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд беше донесен од страна на дипломатската конференција на ополномоштените претставници под покровителство на ООН во 1998 година. Русија го потпиша документот во 2000 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com