HomeДЕНЕШНАСветРусија нема да го испорача Сноуден на САД: Немаме никакви правни, а ни морални причини

Русија нема да го испорача Сноуден на САД: Немаме никакви правни, а ни морални причини

Русија нема да го испорача Едвард Сноуден на САД, соопшти рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак.

– Немаме никакви правни, а ни морални причини да го предадеме на Владата на САД, рече амбасадорот на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон. Тој потсети дека САД и Русија немаат договор за екстрадиција.

Најпознатиот „свиркач“ во светот и поранешен разузнавач Сноуден неодамна го повика американскиот претседател Барак Обама да го помилува истакнувајќи дека објавувањето на податоците за масовно следење било морално неопходно.

– Да не беа тие сознанија, тие откритија ќе ни беше полошо, оцени Сноуден кој три години помина во прогонство во Русија, откако го предизвика еден од најголемите скандали со протекување информации во американската историја.

Сноуден чија дозвола за престој во Русија истекува наредната година истакна дека е подготвен да помине и време во затвор во САД и дека многу се жртвува за својата земја.

– Во книгите постојат закони кои зборуваат едно, но можеби затоа постои и моќта на помилувањето, за исклучоците, за нештата кои можеби изгледаат незаконски на хартија, но кога ги гледаме морално, етички и кога ќе ги видиме резултатите, се чини дека се неопходни, изјави Сноуден од Москва во интервју за британскиот весник Гардијан.

Сноуден во мај 2013 година ја напушти работата во Националната безбедносна агенција и замина за Хонгконг од каде почна да објавува доверливи податоци за глобалните програми за следење предизвикувајќи еден од најгоолемите скандали со протекување информации во американската историја.

Веднаш по пристигнувањето во Хонгконг тој објави информации за тоа како НСА ги прислучувала телефонските броеви и компјутерските системи предизвикувајќи загриженост во целиот свет.

На 10 јуни тој исчезна од неговиот хотел, а на 23 јуни го напушти Хонхконг и замина во Москва бегајќи од правосудните органи на САД.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com