HomeДЕНЕШНАСветРусија не стои зад снајперистите кои сакале да го убијат Ѓукановик

Русија не стои зад снајперистите кои сакале да го убијат Ѓукановик

gjukanovich1

Владата на Русија категорично ги негира сите шпекулации дека постои поширок заговор за атентат врз поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ кој требало да биде застрелан од руски националисти на денот на неодамнешните избори.

– За случајот не располагаме со какви било информации и, секако, категорично ја отфрламе можноста за официјална вмешаност во какви било обиди на организации што дејствуваат противправно – изјави прес-секретарот на рускиот претседател, Димитриј Песков.

Песков ова го изјави на прашањето дали имало барање од Црна Гора по повод истрагата за атентат на премиерот Ѓукановиќ и кои се, според изјавите на црногорскиот обвинител, вмешаните руски националисти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com