HomeДЕНЕШНАСветРусија испрати два брода со ракети во Средоземното море

Русија испрати два брода со ракети во Средоземното море

Од базата во Севастопољ денес испловиле два помали воени бродови вооружени со ракети, кои и припаѓаат на руската Црноморска флота, а упатени се како засилување на групата на воени бродови на Русија кои се наоѓаат во Средоземното море. „Ројтерс“ пренесува дека оваа информација ја добила од руската агенција „Риа новости“, повикувајќи се на портпаролот на Црноморската флота.

Воените бродови “Серпухов” и “Зељони дол”, кои се опремени со ракети, тргнале од Севастопољ вчера и би требало во Средоземното море како поддршка за воените бродови на Русија кои веќе се наоѓаат таму да пристигнат денес.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com