HomeДЕНЕШНАСветРусија и Турција потпишаа договор за Турски тек

Русија и Турција потпишаа договор за Турски тек

Русија и Турција денес потпишаа договор за реализирање на Турски тек, проект за гасовод, со кој рускиот гас ќе оди кон Европа под Црното Море. Денес во Истамбул се сретнаа рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган и договорија детали за овој значаен енергетски проект.

Овој договор и стави дефинитивно крај на дипломатската криза помеѓу двете земји. Турската авијација уништи еден руско бомбардер кој леташе наф турско-сиријската граница во ноември 2015 година. Проектот Турски тек беше објавен кон крајот на 2014 година. Истовремено кога беше објавено блокирањето на проектот Јужен Тек во екот на украинската криза.

Турски тек предвидува изградба на два гасовод под Црното Море, им рече на новинарите Алексеј Милер, првиот човек на Газпром. Според него, капацитетот на секој од двата гасоводи е 15,75 милијарди кубни метри гас годишно. Ердоган и Путин го потпишаа договорот на маргините на самитот за енергија кој се одржува во Истамбул.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com