HomeДЕНЕШНАСветРусија бара Сирија да остане секуларна и цела држава

Русија бара Сирија да остане секуларна и цела држава

Руското министерство за надворешни работи побара Сирија да остане секуларна држава за чија иднина ќе решаваат самите граѓани и да не се дозволи нејзина поделба.

lavrov_keri_sirija-39610

Министерството соопшти и дека за успех на руско-американскиот договор за примирје во Сирија неопходно е „одвојување на сириската умерена опозиција од Јабхат Фатах ал-Шам (фронтот ал-Нусра) и од терористичките групи кои се поврзани со нив“, пренесуваат британските медиуми.

„Истовремено, треба да се разбере дека мора да продолжат воените операции против терористите од Исламска држава и фронтот ал-Нусра“, се наведува во соопштението на руското МНР.

sirija-buntovnici

Обновените разговори за прекин на воените дејствија кои се водат меѓу Русија и САД се уште не дале со резултат и кризната состојба продолжува со тоа што се засилуваат судирите меѓу силите на Асад, опозициските бунтовници и терористичките организации.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com