Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРударите од „Тораница“ и „Злетово“ најголеми жртви на стечајот

Рударите од „Тораница“ и „Злетово“ најголеми жртви на стечајот

Двата рудника во сопственост на иднискиот инвеститор „Индо минерали и метали“ се во големи долгови и ќе биде започната стечајна постапка во која се јавуваат четири субјекти како доверители на кои им се должат големи пари, а исто така на рударите веќе три месеци не им се исплатени платите и придонесите.

„Индо минерали и метали“ должи за концесии, за електрична енергија, за транспорт, како и за обврските кон вработените, по што најверојатно ќе ја напушти земјава, а рудниците „Тораница“ и „Злетово“ од стечајната маса ќе вратат колку толку од долговите.

Инвеститорот подолго време не се грижел за иднината на компанијата и оперативноста и најголем товар ќе понесат токму рударите на кои ова им е главен извор за егзистенција во и онака економски слабо развиениот источен регион.