Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРудари во Кина вршеле убиства за да бараат отштета

Рудари во Кина вршеле убиства за да бараат отштета

Кинеското обвинителство покрена постапки против 74 лица за убиство и други кривични дела, под сомнение дека тие намерно усмртиле 17 луѓе и направиле сето тоа да изгледа како рударска несреќа за потоа да бараат паричен надомест од сопствениците на повеќе рудници, пренесува Блиц.

Рударските несреќи се чести во Кина поради непочитување на безбедносните правила и прописи. Сопствениците обично сакаат брзо решавање на ситуациите околу отштетата,за да се избегнат истрагите од државните органи, испитувањата и така натаму.

Обвинителството во градот Бајанур, во кинеската провинција Внатрешна Монголија денеска соопшти дека обвинетите се товарат за убиство на 17 лица во шест провинции и региони.

Во извештајот се вели и дека, покрај за убиствата, покренати се и обвиненија за измама, изнудување, проневера и прикривање на злосторствата.

Извор: МИА