Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманРучек идеја: Пилешко со компири и боранија

Ручек идеја: Пилешко со компири и боранија

Брза и Вкусна идеја за вашиот денешен ручек. Пилешко со копмпири и боранија.

Состојки:
Пилешки гради (стек) – 2-3 парчиња
Млади компири – 6-7 парчиња
Домати – 2-3 парчиња
Боранија – 100 грама
Лук – 2-4 чешниња
Маслиново масло – 3 лажици
Сол, бибер, зачини – по вкус

Измијте и исушете ги стековите, исечете ги на коцки средна големина. Колку поситни ќе бидат парчињата толку побрзо ќе биде спремно јадењето. Младите компири треба да се излупат и да се исечат на коцки отприлика иста големина како и пилешкото месо. Доматите и лукот да се исечкаат на помали парчиња.

Посебно треба да се обрне внимание на сосот. Во маслиново масло додадете сол, бибер, босилек и мајчина душица. Исто такa може да користите и други зачини по ваш вкус. Посебен вкус ќе даде доколку ставите 3 супени лажици сок од лимон. Сосот треба да го измешате.

Во длабок сад помешајте ги сите состојки со боранијата и со сосот и ставете ги во загреана рерна на 200 С да се печат. Приближно време за готвење – половина час. Сето тоа зависи од големината на парчињата, се разбира.

Ако сакате истото јадење да добие поинаков вкус, само ставете фолија на тавата. Тогаш јадењето нама да се пече, туку ќе се вари.