Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРСБСП апелира и едуцира: Возете одговорно за време на празниците!

РСБСП апелира и едуцира: Возете одговорно за време на празниците!

Генералниот секретар на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на Македонија (РСБСП) Ристо Манчев посочи дека според последните статистички податоци на РСБСП во 2015 година вкупно 144 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, што е мало зголемување во споредба со минатата 2014 година кога на патиштата во земјата животот го загубиле 130 лица.
рсбсп2

– Во просек на годишно ниво во Македонија од 160 до 170 лица го губат животот во сообраќајни незгоди, од кои најлоша беше 2013 година кога 198 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди. Последните две години има одреден тренд на намалување, рече Манчев, додавајќи дека не се задоволни со таа бројка и дека е потребно заеднички сите во следната година да работиме за нејзино намалување.

рсбсп
Анализите на РСБСП покажуваат дека по категории на учесници во сообраќајот во 2015 година најмногу страдале пешаците, односно 43 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои 60 проценти се лица над 60 – годишна возраст.

“Затоа уште еднаш апелираме на совесно учество во сообраќајот. Да не дозволиме момент на невнимание, момент на непромисленост, момент на деконцентрација или еуфорија да предизвикаат последици за кои ќе се каеме целиот свој живот. Да не дозволиме овие прекрасни новогодишни празници да се претворат во нечија семејна трагедија. Исто така апелираме до оние кои немаат вистинска потреба за време на новогодишните прослави да не го користат сопственото возило. До оние пак кој се одлучиле да патуваат на подалечна дестинација апелираме задолжително да користат зимска опрема, да ја проверат техничката исправност на возилото и особено да внимаваат на мостови, надвозници, подвозници, пред влез и излез на тунел, остри кривини и останати осојни места поради веројатноста од појава на голомразица која значително може да го загрози безбедното одвивање на сообраќајот. Оние кои патуваат во планински предели и низ клисурите треба особено да внимаваат на опасноста од појава на одрони на патиштата” истакна секретарот на РСБСП, Ристо Манчев.