Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРозови фламинга ни дојдоа на гости на Преспанското езеро

Розови фламинга ни дојдоа на гости на Преспанското езеро

Повеќе портали викендов објавија  дека пет розовви фламинга го посетиле Преспанското езеро, во заштитениот природен парк „Езерани“.Розовото  фламинго или големо фламинго (науч. Phoenicopterus roseus) е најраспространет вид од семејството на фламингата. Се среќава во делови од Африка, јужна Азија (крајбрежните региони на Пакистан и Индија), и јужниот дел на Европа, вклучувајќи ги ШпанијаАлбанијаТурцијаГрцијаКипарПортугалијаИталијаФранција.Некои популации се преселници на кратко растојание и се среќаваат посеверно од вообичаениот опсег.

Од Македонското еколошко друштво соопштија дека поради нискиот водостој на езерото, овие карактеристични птици имале одлични услови за престој во нашата земја, за време на нивната миграција. Во Македонија, ова не е прв пат да бидат забележани фламинга, но секој пат на „попатна станица“.

Нашите еколози појаснуваат дека фламингата не се гнездат во Македонија, но се случува да направат прелет при миграцијата. Видени се повеќе пати, од кои за прв пат за нивно присуство кај нас е документирано во деведесеттите години, повторно на истото место во Езерани. Овој пат Фламингата е беа млади односно беа една возрасна единка и 4 млади. Бидејќи овие птици гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора, но биолозите не можат да проценат во кој правец ќе заминат овие птици по краткиот одмор на преспанското езеро.

„Добрата состојба на влажните живеалишта како и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да одмораат и да се хранат. Затоа секогаш е возбудливо да се истражува Езерани за време на миграција“ – изјави Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво.

Подрачјето Езерани е заштитено повеќе од 20 години и со него управува Општина Ресен која има и посебна ренџерска служба која внимава на оваа локација.