Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатување(Фото) Роземонт – првиот хотел во светот со сопствена дождовна шума

(Фото) Роземонт – првиот хотел во светот со сопствена дождовна шума

Архитектите во Дубаи го градат првиот хотел во светот со сопствена дождовна шума. Хотел Роземонт е планиран да се отвори во 2018 година и ќе има околу 190 000 метри квадратни.

rosemont 3

Имено, внатре во хотелот ќе се наоѓа вештачка плажа, базен на врвот на зградата, па дури и дрвја кои ќе испуштаат пареа. Хотелот поседува 47 ката и 450 соби.

rosemont 1

Дизајниран е од страна на „ZAS архитекти“, а сите забавни објекти – вклучувајќи ја и дождовната шума од околу 7000 квадратни метри, ќе се наоѓаат во основата на објектот. Изградбата за овој објект треба да чини 300 милиони долари.

rosemont 4

Има две кули, а во нив има теретана, спа, ресторани, аквариум, забавен парк и уште многу содржини.

rosemont 2