Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамРозберг најбрз во Австрија

Розберг најбрз во Австрија

Нико Розберг излезе како победник на денешната Ф1 трка што се одржа на „Ред бул ринг“ во Спилберг, Австрија. Иако стартуваше од втората позиција, тој изби на првото место уште во првиот круг од трката и тоа на првиот свиок кога успеа да го претекне Луис Хамилтон. Мала помош за Розберг беше и казната од пет секунди која ја заработи Хамилтон, по што беше јасно дека Розберг ќе дојде до лесна победа.

MERCEDES F1

Розберг ја заврши трката со време од 1:30.16.930  и на крај беше за речиси девет секунди подобар од својот клубски колега Луис Хамилтон, кој заврши на втората позиција. Фелипе Маса заврши како трето пласиран и трката ја заврши  со задоцнување од повеќе од 17 секунди, а на четвртата позиција се пласира Себастијан Фетел на Ферари. Потоа следуваат Валтери Ботас и Нико Хулкенберг.

Трката ја одбележа и инцидентот меѓу Фернандо Алонсо и Кими Раиконен каде се удрија со болидите и не успеаа да стигнат да ја завршат трката.