Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРотердам ќе биде првиот град кој ќе постави патишта од рециклирана пластика

Ротердам ќе биде првиот град кој ќе постави патишта од рециклирана пластика

Ротердам ќе биде првиот град кој ќе користи рециклирана пластика наместо асфалт за патиштата. Пластика ќе се го зголеми повеќекратно векот на трајност и искористеност, како и квалитетот на патот. VolkerWessels и KWS Infra се здружија за да развијат пат од пластика.

Изграден да биде еколошки, тој е конструиран од рециклирана пластика и располага со празнина под површината, која им овозможува инсталација на цевководи и кабли. Патот ќе користи готови монтажни конструкции, кои ќе се монтираат лесно и брзо.

Важно е да се напомене дека според VolkerWessels пластичниот пат ќе е отпорен на корозија и огромни разлики во температурата (од -40 до 80 степени). Тоа значи дека предметните пластични патишта ќе понудат три пати подолг век од асфалтираните.