Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисРотаракт Опен – Со тенис до средства за деца од ранливи категории

Ротаракт Опен – Со тенис до средства за деца од ранливи категории

Во просторот на тенискиот клуб ABC денес по шести пат се одржа турнирот Rotaract Open во соработка со Euroimpex и Peugeot Macedonia. Средствата собрани од турнирот ќе бидат наменети за поддршка на личниот развој на децата од Здружението за заштита на правото на детето сместeни во Дневниот центар за деца од улица, Шуто Оризари.

rotaract2

Инвестирањето во развој на професионални вештини кај деца на возраст од 14 до 18 години, кои живеат во маргинализирани заедници и се соочуваат со пречки во остварување на личниот развој поради социо-економските услови во кои се наоѓаат, е од клучно значење за Ротаракт Клуб Скопје партнерите.

 

Организаторите задоволни од настанот, изјавија дека со солидниот број на учесници турнирот прераснува во убава традиција на македонската тениска сцена. Годинава помина без странски учесници иако учеството е отворено и за нив. За разлика од дисбалансот помеѓу странски и домашни учесници, на турнирот настапија натпреварувачи од најразлична старосна граница.  Rotaract Open регуларно се одржува во јуни.