Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиРоси: Мојата цел е да се борам за највисок пласман

Роси: Мојата цел е да се борам за највисок пласман

Италијанскиот мотоциклист Валентино Роси верува дека оваа сезона во Мото ГП шампионатот ќе биде многу неизвесна, можно е повторно да видиме голем број на различни победници.

Во претходниот шампионат беа забележани рекордни девет победници во “кралската класа”, додека италијанскиот возач на Јамаха верува дека оваа година би можеле да видиме осум од нив како победници.

“За мене, осум возачи можат да победат во нормални услови: Маркез, Лоренцо, Виналес, Крачлоу, Довициозо, Ианоне, јас и … Педроса, да, го заборавив Дани”, изјави деветкратниот светски шампион.

Популарниот “Докторот” ги откри и неговите цели за оваа сезона.

“Мојата цел е да се борам за највисоката позиција, да дадам се од себе. Имавме доста тешка зима, но оптимизмот е на високо ниво и мислам дека ќе бидеме силни”, изјави Роси.

Новата сезона на Мото ГП шампионатот официјално почнува за два дена. Катар ќе биде домаќин на првата трка.