Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнРомска уметност од Унгарија ќе биде прикажана во Јавна соба

Ромска уметност од Унгарија ќе биде прикажана во Јавна соба

Со почеток во 19:00ч. во вторник, во центарот Јавна соба свечено ќе биде отворена една несекојдневна ликовна изложба. Станува збор за доајените на ромската ликовна уметност, автори со најизразено творештво од  60 – тите години. Изложбата е организирана од страна на амбасадата на Унгарија во Скопје и ФРОКК од Будимпешта и  е отворена за сите посетители од 5. до 27. април во центарот Јавна Соба.

Во 60-тите години од  ХХ. век започнува континуирано збогатување и застапеност на ромската уметност во Унгарија. Творештвото на овој етникум кој се смета за најсиромашен во Европа е едно од најбогатите во смисла на колорити, емоции, искрени пораки и желба за пријатество и прифаќање. Критиките на светските  ликовните  критичари укажуваат дека ромската култура и уметност токму во 60 – тите години доживуваат раст, преродба и добиваат светски прпознатлива форма.

Оваа генерација на 19 унгарски ромски сликари со исклучителен талент успева да  креираа култура кај ромите по која се водат и денешните генерации кои “де факто” не го акцентираат ромското потекло. Како и во тоа време така и денес сите испраќаат една порака, да бидат прифатени со чисто срце. Изложбата на 19 ромски сликари, со 28 масла на платно ќе биде програмски обогатена со Бојана Фабел трио и ромска џез музика, дегустација на унгарски специјалитети.  Влезот за сите посетители е бесплатен.