HomeДЕНЕШНАРегионРоманската правда на дело – екс пратеничка осудена поради непотизам

Романската правда на дело – екс пратеничка осудена поради непотизам

romanija

Поранешната пратеничка од романската Социјалистичка партија, Оана Никулеску Мизил денеска е осудена од Врховниот суд на една година условна затворска казна под обвинение за судир на интереси. Таа е обвинета дека ја вработила мајка си во својата парламентарна канцеларија.

Првично, во октомври 2014 година, Мизил била осудена на три години условна затворска казна. Судот денеска ја прифати нејзината жалба и ја намали пресудата. Поранешната пратеничка пред судот изјавила дека ја ангажирала својата мајка во парламентарната канцеларија, бидејќи никој друг не сакал да ја извршува функцијата советник во „проблематичната“ избирачка единица Рахова-Ферентари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com