Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионРоманија и Бугарија на удар на снежното невреме и ниските температури

Романија и Бугарија на удар на снежното невреме и ниските температури

Обилните снежни врнежи кои го зафатија Балканот придонесоа стотина градови во Романија и Бугарија да останат без електрична енергија, а голем број на училишта да не ги отворат своите врати за учениците поради снегот.

Романските пристаништа на Црното Море, вклучуваќи ја и „Констанца“ денеска се затворени поради силните налети на ветер и обилните снежни падежи кои се случија за време на викендот.

Во градот Букурешт и уште седум други општини во југозападниот дел на Романија, затворени се училиштата, а во некои делови има и проблеми со електричната мрежа.

Не работат ниту училиштата во североисточна Бугарија, кои ќе останат затворени и во наредните два дена. Засега, нема информации за евентуални жрви во невремето и ниските температури кои ги зафати овие простори.