Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионРоманија апси корумпирани градоначалници

Романија апси корумпирани градоначалници

Градоначалникот на Букурешт, Сорин Опреску, е уапсен под сомнение за примање мито од 25.000 евра од компании, што работат за градското собрание, соопшти романската Канцеларијата на обвинителството за борба против корупција. По наредба на обвинителството Опреску е во притвор од полноќ, а романскиот суд подоцна денеска ќе одлучи дали градоначалникот на Букурешт ќе биде и формално уапсен.

Во соопштението се наведува дека компаниите, што имале договори со градското собрание во периодот од 2013 до 2015 година биле обврзани да платат и до 70 отсто од своите приходи на градски функционери, од кои 10 проценти биле за градоначалникот. Опреску не даде изјава по синоќешното апсење.

Инаку, тој е градоначалник на Букурешт од 2008 година, а во 2009 година се кандидираше за претседател на Романија.