Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРојтерс: „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија

Ројтерс: „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија

Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија од ББ+ на ББ, објави „Ројтерс“.

„Фич“ забележува дека политичката криза која започнува по обвинувањата за висока корупција кај власта од минатата година, а кои, според нив ги потврдуваат недостатоците во стандардите за добро владеење, се една од причините за намалувањето на кредитниот рејтинг.

Понатаму, како причина за намалувањето на кредитниот рејтинг се наведуваат и неуспехот на Договорот од Пржино од минатата година и неуспешните обиди да се одржат предвремени парламентарни избори во април и јуни оваа година.

Протестите продолжија, главната опозициска партија го продолжи својот бојкот за учество во Парламентот и истрагата за корупција на високо ниво која ја води Специјалниот обвинител се попречува, според независните набљудувачи“, се додава во оценката.

Како резултат на политичката криза, во извештајот е нотирано и повлекувањето на депозитите од банките од страна на граѓаните во април, но и намалување на проекциите за бруто-домашниот производ од 3,6 на 2,5 проценти.

Изгледите за оценката на кредитниот рејтинг се повторно негативни, што во иднина ако ништо не се промени, кредитниот рејтинг може да падне до нивото ББ-.