Thursday, Aug 24, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРЛитература„Роднокрајни поетски средби“ на Колешинските водопади

„Роднокрајни поетски средби“ на Колешинските водопади

KNIGA 5

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ , овој четврток 25 јуни 2015 , го рганизира петтото издание на манифестацијата „Роднокрајни поетски средби“.

Настанот ќе се случува со почеток во 17 часот, во пределот  ,,Колешинските водопади” на планината Беласица, односно во ресторанот кој се наоѓа во близина на водопадот.

kniga 6

На оваа манифестација можат да се пријават сите заинтересирани љубители на книжевноста кои творат и сакаат да се промовираат како писатели.  Веќе 5 години   „Роднокрајни поетски средби“  е манифестација која имз за цел да ја доближи литературата до младите, и истата да стане култура на живеење.

Во Македонија има многу млади и талентирани луѓе кои пишуваат но нивните дела сеуште никој не ги видел ниту  слушнал. Токму затоа, ова е една од ретките манифестации кои им даваа можност на младите поети и писатели да станат афирмирани имиња од  македонската книжевност.

На на сцената на „Роднокрајни поетски средби“ досега  имаат учествувано повеќе од триесетина автори од Струмица и регионот.  Се планира манифестацијата  да стане традиционална и да се одржува редовно секој месец.