Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРодителите со протест бараа отказ од директорот на прилепската гимназија

Родителите со протест бараа отказ од директорот на прилепската гимназија

Родители на учениците од прилепската гимназија „Мирце Ачев” денеска протестираа во дворот на училиштето, револтирани поради вчерашниот политички говор на директорот Кире Николоски кој ги убедувал децата да одат на протестите против албанската реформа.

– Бараме одговорност, оставка од директорот, бараме Државниот просветен инспекторат да преземе мерки, да го испита случајот, директорот да одговара пред законот. Не смее да се дозволи прилепската гимназија, која што со генерации е гордост на учениците, да го допре дното – порачаа родителите.

„Патриотскиот говор” во школото, го снимија гимназијалците и го објавија на социјалните мрежи. „Како не ви е срам директоре во училиште да ни држите политички говор” – му порачаа учениците и си заминаа од школото.

Директорот, Кире Николоски денеска беше отсутен од училиштето, а за Тв 24 рече дека има договорено средба со родителите задутре. Инаку, Николоски е истакнат член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.