Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРоденденски шопинг во Скопје Сити Мол со многу изненадувања

Роденденски шопинг во Скопје Сити Мол со многу изненадувања

Популарниот Скопје Сити Мол прославува тригодишно постоење со голем број на специјални изненадувања за своите купувачи. Скопје Сити Мол ќе организира масовна наградба игра која ќе трае од втори октомври, па се до крајот на годината при што еден среќен добитник ќе си отиде со вредниот и најнов модел JEEP Renegade My2015 1.6.

Второто изненадување е „Маратонски Шопинг“ кој ќе трае од 2-ри до 4-ти октомври кога сите посетители ќе можат да купуваат по драстично намалените цени во продавниците.  Роденденското славење ќе се заокружи на 3-ти октомври во сабота, за кога се најавени два настани. Првиот е „Late Night Shopping – вечерта кога сите продавници работат до полноќ, а потоа следи и концертот на ултра популарниот бенд S.A.R.S“.