Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСРодена првата џиновска панда во Мадрид!

Родена првата џиновска панда во Мадрид!

Во зоолошката градина во Мадрид била родена првата женка ретка џиновска панда во историјата на тој шпански парк. Зоолошката градина соопштила дека пандата Хуа Зуи Ба родила младенче тешко 180 грама, наведувајќи дека било многу добро формирано и многу активно.

Експертите од зоолошката градина навеле дека се убедени дека младенчето панда ќе напредува во клучните, први недели од животот.

Bebе-panda,-foto-2

Како што пренеле специјалистите, знаеле дека времето на раѓање на пандата се приближува бидејќи Хуа Зуи Ба станала летаргична, престанала да јаде и започана да се однесува чудно. Мадридската зоолошка градина сега има четири џиновски панди.