Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРоде официјално нов фудбалер на Борусија Дортмунд

Роде официјално нов фудбалер на Борусија Дортмунд

Везниот фудбалер Себастијан Роде официјално премина од редовите на Баерн Минхен во Борусија Дортмунд. Се шпекулира дека трансферот бил вреден околу 12-15 милиони евра, а Роде ставил потпис на четиригодишен договор. Роде во Баерн пристигна од Антрахт пред две сезони, а во дресот на Баерн во првата сезона на 35 натпревари постигна три погодоци, додека во втората сезона во одиграни половина натпревари од оние во првата сезона постигна еден погодок.

„Уште од мал сум навивач на Борусија Дортмунд и мило ми е што станав член на својот омилен клуб. Се радувам на соработката со Томас Тухел, кој е неверојатен тренер. Подгтовен сум за новиот предизвик и знам дека конкуренцијата во тимот е исклучителна“, изјави Себастијан Роде.