Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноРобот од Русија направил метеж во сообраќајот

Робот од Русија направил метеж во сообраќајот

Робот од Русија избегал од лабораторијата во градот Перма. Инженер во „Промобот“, компанијата што го направила, заборавил да ја затвори оградата па избеганиот робот предизвикал вистински метеж во сообраќајот, јавува Би-Би-Си.

Но, успеал да „избега“ само пет километри од лабораторијата, бидејќи набрзо останал без струја и застанал среде улица. Како што јавуваат од „Промобот“, роботот е дизајниран самостојно да се движи, да соработува со луѓето и да промовира разни производи и настани.

Можеби му здодеала досегашната кариера па посакал да ја промени, но за жал, неговите батерии не соработувале.

Откако полицијата го пренасочила сообраќајот, работник од „Промобот“ го вратил избеганиот робот во лабораторијата.